Posts

Showing posts from June, 2024

Фк Победа

Image
 Клубот е формиран во 1941 година. Најпрво го носел името „Гоце Делчев“ за подоцна да го промени во денешното име „Победа“. Во поранешната СФРЈ седум пати бил првак на Македонија и тоа во сезоните: 1952/53, 1958/59, 1961/62, 1962/63, 1978/79, 1980/81 и 1985/86 со тоа освојувајќи најмногу шампионски титули во тогашната Републичка лига. Никогаш не успеал да влезе во најквалитетната Прва лига иако на неколкупати бил на чекор од неа. Од осамостојувањето на Македонија се натпреварувал во најквалитетното друштво и секогаш бил на самиот врв, а ги има освоено и шампионските титули во сезоните 2003/04 и 2006/07 и пехарот во националниот Куп во сезоната 2001/02. Домашните натпревари ги играл на градскиот стадион Гоце Делчев во Прилеп кој има капацитет од 15.000 гледачи, а настапувал во традиционалните црвено-бели дресови. Поради местењето натпревар со ерменски ФК Пјуник, Победа била казнета од УЕФА и ФФМ и била отстранета од Првата лига. Клубот наследник кој ги презема трофеите и историјата ...

Могилата на непобедените

Image
  Могилата на непобедените   — меморијален комплекс во   Спомен паркот на Револуцијата   во   Прилеп . Комплексот бил изграден во   1961   година во чест на загинатите борци од   НОВ , според проект на архитектот   Богдан Богдановиќ . Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките. Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ. Во вториот дел се наоѓа криптата - заедничката гробница, каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле животот за ослободување на Македонија. Во периодот 2007-2008 комплексот бил целосно ревитализиран. Паркот на револуцијата кој се наоѓа на јужната периферија на Прилеп е хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Во спомен на своите паднати борци во НОВ од 1941-19...

Прилеп

Image
  Прилеп   —   град   во   Македонија , сместен во северниот дел на   Пелагониската Котлина , во југозападниот дел на   Република Македонија . До него се стигнува преку магистралниот пат А 3. Има 63.308 жители (2021 г.) и се наоѓа на 128 километри југозападно од главниот град   Скопје . Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до кулите што ги изградил легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван Крале Марко). Градот е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и Прилепско. Прилеп е седиште на истоимената  Oпштина Прилеп.