Прилеп

 Прилеп  град во Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија. До него се стигнува преку магистралниот пат А 3. Има 63.308 жители (2021 г.) и се наоѓа на 128 километри југозападно од главниот град Скопје.

Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до кулите што ги изградил легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван Крале Марко).

Градот е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и Прилепско.

Прилеп е седиште на истоимената 
Oпштина Прилеп.



Comments

Popular posts from this blog

Могилата на непобедените